Оверем преживеа експлозија покрај неговата хотелска соба (ФОТО)

Холанѓанецот Алистер Оверем можеше да настрада во експлозијата што се случи во вторникот во објектот која се наоѓа веднаш до неговиот хотел. За инцидентот извести на неговиот официјален Твитер профил, при што објави неколку фотографии од изгорениот и уништенен објект.

„Штотуку преживеав огромна експлозија во објектот веднаш до мојата хотелска соба. Голема експлозија и пламен. Се е во ред и сите сме здрави. Пет дена до УФЦ“, напиша Оверем, приложувајќи и неколку фотографии.

Не е познато зошто експлодирал објектот кој се чини дека е семеен дом, но некои медиуми укажуваат на тоа дека се работи за експлозија на гас. Вистинската среќа е што никој не е повреден.

За Оверем ова беше многу шокантно „загревање“ за тоа што му следи оваа сабота во Лас Вегас. Поранешениот К-1 ВГП/WGP шампион ќе се соочи со неговите стар познаник Фабрицио Вердум со кого веќе се сретна два пати. Во првиот меч е поразен, а во вториот успеа да се реваншира и да слави со одлуката на судиите. Пресметката на УФЦ 213 може да го одреди следниот предизвикувач на Стипе Миочиќ.

Занемиливо е тоа што Миочиќ е последниот човек кој ги совладал Вердум и Оверем. На Бразилецот му го зеде шампионскиот појас, а против Оверем го бранеше.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО