Мајкл Биспинг: Ќе се борам со привремениот шампион ако ЖСП не „стисне мадиња“ до УФЦ 213

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Мајкл Биспинг, упати ултиматум на адреса на Жорж Сент Пјер во кој му дава време до сабота да ја прифати борбата со него, во спротивно Англичанецот ќе оди на победникот од мечот Јоел Ромеро – Роберт Витакер.

Биспинг првично требаше да се сретне со ЖСП на УФЦ 213, барем тоа беше желбата на УФЦ. Битката се уште не е потврдена. Додека Дана Вајт тврди дека ќе се борат за шампионската титула во средна категорија ова лето, Сент Пјер предупредува дека нема да биде подготвен да се соочи со Англичанецот пред есента.

Белата сега тврди дека ЖСП сепак сака да се бори во велтер категорија кога ќе се врати, но овој понеделник на „ММА час“, Биспинг откри дека се уште сака да се бори со еден од најголемите борци на сите времиња.

Еве што вели популарниот Англичанец во своето интервју:

„Требаше да се борам со ЖСП. Зошто не би сака да се борам со него? Се разбира дека тоа ќе биде голема работа. Тој е легенда на овој спорт. Ја сакам оваа борба во мојата кариера. Сега Дана вели дека Жорж не сака да се бори. Жорж вели дека сака да се бори, јас сакам да се борам, ајде да ја направиме таа борба.

Жорж, ако го гледаш ова, знај дека направив се што е во моја моќ. Му се јавив на Дана и му реков дека сакам да се борам со ЖСП. Секој пат кога ќе се слушнам со него му го споменувам тоа. Дана ми кажува дека не сака да се бори со мене и дека тој сака да се бори во велтер категорија. Жорж, јас направив сè. Ако сакаш оваа борба да се случи, подигни ја слушалката, заѕвони на некого, направи нешто.

Смачено ми е сите да велат дека јас не сакам да се борам. Искрено, што го ебам кого ќе се борам. Дали тоа ќе биде ЖСП, Јоел или Витакер … Уморен сум од тоа срање. Сакам да се борам, морам да се борам. Коленото не ми е целосно санирано, но кого му е гајле. Морам да се борам. На крајот од годината, една од овие тројца ќе си го добие своето“.

Грофот инсистира ЖСП да преземе некои чекори и да закаже борба со него пред оваа сабота и борбата меѓу Ромеро и Витакер. Ако ЖСП ништо не направи, Биспинг ќе мора да се бори со сопственикот на привремениот појас.

„Жорж стисни ги мадињата! Направи го тој повик. Знам дека имаш некои проблеми, но јависе на Дана Вајт. Јас сум ставен в ќоше. Кажав се што може да се каже. Жорж, ако го гледаш ова, а знам дека го гледаш ова, бидејќи сакаш да се слушнеш што ќе ти кажам, имаш време до саботата, затоа што тогаш ќе годтувам во емисија на ФС1, по борбата Ромеро или Витакер ќе ми се придружат во студиото. Ако во тој момент не можам да кажам дека ќе се борам со ЖСП, ќе мора да кажам дека ќе се борам со Ромеро или Витакер. Одбројувањето започна“, заклучи Мајкл Биспинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО