Постојано излегуваат интересни вести околу мечот меѓу непоразениот боксер Флојд Мејведер и шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор.
Првично, се разбира, оваа битка излгедаше невозможна. Месец по месец, сепак, пречките се расчистени и изгледа се повеќе и повеќе дека оваа борба ќе се случи.
Можеби најголемиот прогрес во оваа приказна се случи овој месец, кога Мек Грегор објави дека го потпишал својот дел од договорот.
„За мене е чест да ја потпишам оваа рекордна зделка заедно со партнерите Zuffa LLC, The Ultimate Fighting Championship и Paradigm Sports Management”, рече Мек Грегор во соопштението на TheMacLife.com.
Ова, се разбира, ја префрли топката во рацете на Мејведер. Претставникот на УФЦ, Дана Вајт, очигледно сега работи напорно за да постигне договор со боксерот и неговиот тим.
Ако Флојд не е во состојба да постигне договор со Вајт и УФЦ, по се изгледа дека има прилично добар резервен план во рацете: бокс меч меѓу Мек Грегор и другиот голем боксер Мани Пакијао.
Филипинецот покажа интерес за оваа битка, а во последно време неговиот промотор Боб Арум изрази желба да го замени Мејведер во случај преговорите да пропаднат.
„Ако Мек Грегор се уште бара ривал, Мани е тука“, рече Арум во интервју за ТМЗ.
За време на интервјуто за ТМЗ Арум го изнесе своето мислење за преговорите (Мек Грегор – Мејведер), велејќи дека битката може да се случи, ако и двете страни се трпеливи и упорни.
„Бидете трпеливи, не се откажувајте“, изјави Арум и додаде:„Дана е добар посредник и ќе ја заврши работата, но не може да биде мафтан од Мејведер и неговите луѓе“.