Рјабински: Поветкин не е виновен за допингот!

Најмоќниот руски бокс промотор, Андреј Рјабиснки, најави дека неговиот боксер Александар Поветкин нема вина за ниту еден од позитивните допинг тестови.

Олимпискиот шампион од Атина беше фатен два пати во текот на минатата година. Во моментов ја издржува казната на професионалните боксерски федерации што во моментов е неопределена. Сепак, тој закажа меч.

„Можеме да дадеме докази кои покажуваат дека Поветкин не примал мелдониум за време на забранетиот период. Во моментов се работи предметот во Њујорк. За вториот случај со остарин, исто направивме внатрешна истрага. Екипата на Поветкин нема вина. Таму приказната е друга, но засега не можам да ви дадам детали, бидејќи уште не сме завршиле со експертизата. Ви кажувам точно и јасно – Поветкин не е виновен“, коментира Рјабински.

https://youtu.be/zkNEQkgca1c

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО