Пакијао: Чувствувам дека ме наместија!

Мани Пакијао верува дека немал фер третман во Бризбејн, во мечот во кој ја загуби титулата на ВБО.

Филипинската легенда изненадувачки е поразен со едногласна одлука на судиите од Австралиецот Џеф Хорн.

Пакијао на мала група на филипински новинари пред заминувањето од Австралија и изјави дека се чувствува дека го наместиле.

Веднаш по контроверзниот пораз Пек Мен изјави дека ги почитува судиите и дека нема проблем со бодувањето на борбата. До понеделникот го промени мислењето.

„Судијата не беше компетентен. Чувствувам дека ме наместија“.

Се пожали дека американскиот судија Марк Нелсон му дозволувал на Хорн валкани удари во тилот во клинчот и удари со главата. Неофицијалната Компјубокс статистика открива дека Пакијао погодил 90 удари повеќе од Хорн. Судиите мечот го бодуваа 117-111, 115-113, 115-113.

Но, не влегуваше во детална распарава околу тоа кој го наместил, но еден новинар го праша дали оваа сомнителна одлука на судиите дали има некаква врска со скорешното истекување на договорот со Топ ранг на Боб Арум.

„Да не размислуваме за тоа“, рече Пакијао.

Додаде дека повторно би се борел со Хорн, но сака да учествува во изборот на судиита за втората борба. Директорите на Топ ранг, кои го промовираат Пакијао и се копромотори на Рог, ги одобрија судиите на ВБО.

Слична беше ситуацијата кога Пакијао загуби со неверојатната поделена одлука на судиите во првиот меч против Тимоти Бредли во 2012 година. Филипинецот беше уверливо подобар на таа средба, но двајца судии победата му ја дадоа на Американецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО