Home Blog Page 2562

Белатор 172: Победа на Чеик Конго, 6-ти последователен пораз на Кошчек (ВИДЕО)

Откажувањето на борбата помеѓу Федор Емилијаненко и Мет Митрион, Џош Томсон и Патрики Фреир беа префрлени во главна борба на вечерта на Белатор 172.

Бразилецот Фреиер го нокаутира поранешниот шампион на Страјкфорс со аперкат на почетокот на втората рунда пред својата публика во Сан Хозе.

https://youtu.be/2KHwtDRcd1g

Со одлука на судиите Чеик Конго го совлада Оли Томпсон, додека Џош Кошчек го доживеа шестиот последователен пораз. Поранешниот предизвикувач за титулата на УФЦ во полусредна категорија е поразен со технички нокаут во првата рунда од Маурисио Алонсо.

Член на тимот на Федор, Анатолиј Токов во дебито за Белатор го победи Франциско Фарнс со TKO во втората рунда.

Белатор 172:

Патрики Фреир – Џош Томпсон (КО, Р2)

Чеик Конго – Оли Томпсон (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-25, 30-25)

Анатолиј Токов – Франциско Франс (ТКО, Р2)

Вета Артеага – Брук Мајо (ТКО, Р3)

Маурисио Алонсо – Џош Кошчек (ТКО, Р1)

https://youtu.be/8n5Mx7uAyiQ

https://youtu.be/pYHvGZ5iqK8

https://youtu.be/nv2E0RufMhU

.

Хадис Рамадани го освои појасот на ВКУ-Швајцарија

Синоќа кикбоксерот Хадис Рамадани (4-0) ја забележа четвртата професионална победа во четвртата борба во Швајцарија. Тој го победи Јанус Сутер на Фајт најт во Устер во организација на ВКУ-Швајцарија.

Така, Хадис Рамадани го освои појасот на ВКУ-Швајцарија.

Ipon.mk/В.Д.

Џабе чекање, откажана борбата Федор – Митрион!

Само неколку часа пред да Федор Емилијаненко и Мет Митрион требаше да влезат во кафезот, дојде до големи проблеми и борбата денес нема да се одржи!

Всушност, како што извести претседателот на Белатор, Скот Кокер, Митрион во текот на денот почувствувал последици од болеста, која не ја навел, а во текот на денот ситуацијата се влошила и не бил во состојба да настапи. Штом се појавиле проблемите, Белатор се биде да најде замена, но не успеале и Федор нема да настапи вечерва во Сан Хозе.

Белатор се надева дека оваа борба ќе се одржи во еден од нивните следни настани, а со ова главната борба на денешниот настан ќе биде меѓу Џош Томсон и Патрики Фреир.

Четири медали за Тефејуз во Приштина

Борачите на Тефејуз освоија 4 медали – 1 злато, 1 сребро и 2 бронзи на Меѓународниот турнир во  Приштина по повод Денот на независноста на Косово.

Златен медал освои  Аид Салихаси во категоријата до 50 кг, Мухамед Исмани (50 кг) сребрен, додека Идриз Идар (50 кг) терто место и Амар Мурат(60 кг) трето место.

Ipon.mk/В.Д.

Јасин Лама со Едмонд Зефи избрани за најборбен пар по одличниот меч во Приштина

Репрезентативецот на Македонија, Јасин Лама, се бореше против боксерот од Косово Едмонд Зефи на турнирот во Приштина по повод Денот на независноста на Косово.

„Во една  јака и цвста борба, која беше  рамноправна, за нијанса беше подобар Зефи. Но, жирито одлучи двјцата боксери да ги прогласи за најборбен пар кои добија пехари за прикажаниот бокс“, вели тренерот на БК Шкупи, Насер Харуни.

Ipon.mk/В.Д.

Злато и сребро за Исмаили и Џемаили во Приштина (ФОТО)

По повод Денот на независноста на Косво борачите на Лирија настапија на Меѓународен турнир во борење во Приштина, при што освоија прво и второ место.

Астрит Исмаили (-66 кг) го освои златниот медал и е прогласен за најдобар техничар, додека Орхан Џемаили (-74 кг) сребрениот.

Ipon.mk

Жорж Сент Пјер потпиша договор со УФЦ

Пред некое време се појавија гласини за нова среќна врска меѓу Жорж Сент Пјер и УФЦ, тие работи сега се официјализираа. Фановите можат спокојно да го очекуваат враќањето на поранешниот шамион, бидејќи потпиша договор со организацијата.

За да се дојде до тука, сепак мина многу време. Уште кога се повлече од спортот во 2013 година, навивачите со интерес го очекуваа неговото враќање. Дури на 35-годишна возраст, ЖСП ќе може да се натпреварува на високо ниво. Во изминатите три години имаше време да се излекува од повредите, а за тоа време не претсана да тренира.

Категоријата во која се враќа е доста динамична и има многу можни противници, како на пример шампионот Тајрон вудли, поранешниот тренинг партнер Стефен Томпсон, поранешниот шампион Роби Лоулер, како и ветеранот Демијан Маија.

Се очекува ЖСП враќањето да го нпарави наесен.

Федор: УФЦ не сакаат Хабиб да стане шампион

Федор Емилијаненко е докажан ММА борец во тешка категорија во светот и е амбасадор на својата татковина – Русија. Никој друг борец не се доближил до меѓународната популарност која ја има „Последниот имепратор“, но непоразениот борец во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, ги следи стапките на ветеранот и се искачува на нагоре.

Според Емилијаненко, сепак, Нурмагомедов не го добива вниманието што го заслужува.

„Мислам дека Хабиб е многу добар борец и има се што е потребно за да стане шампион на УФЦ. Друго е прашањето дали УФЦ го сака тоа или не“.

28-годишниот Нурмагомедов го згаси секој свој противник во организацијата и во моментов е закажана битка против Тони Фергусон за привремената титула на УФЦ 209 на 4 март. Иако ова е можност, Емилијаненко не е убеден дека „Орелот“ го добива потребното внимание.

„Не знам. Тоа е политика на УФЦ. За мене многу од активностите на УФЦ остануваат мистерија“.

Сепак, во одбрана на УФЦ е фактот што Нурмагомедов долго време не беше на располагање поради бројни повреди, откако го направи своето деби во 2012 година. Разбирливо организаторите да се колебаат, кога треба да му дадат доверба, како активен шампион кој ќе треба да ја брани титулата. Сепак, тој ќе добие шанса по две недели.

Шест од шест за Дан кју на турнирот во Херцег Нови (ФОТО)

На турнирот во Херцег Нови (Црна Гора) што се одржа денеска Џиу џица клубот Дан кју од Скопје направи скор 6 од 6, односно освои шетс медали со шест натпреварувачи – 1 злато, 1 сребро и 4 бронзи.

Катерина Ацевска (стари пионери, +62) освои златен медал, а Калин Кировски (ст.пионери, -48 кг) серебрен, додека Дарко Стојановски (деца, +42 кг), Зоран Колевски (деца, -27 кг), Јаким Колевски (деца, -30 кг) и Давид Дамовски (статри пионери, +52 кг) се закитија со бронзи.
6. Калин Кирковски Мл.Пионери -48

Во исто време се одржа и првото коло од Јадранската лига, а Македонија ја претставува ЏЏК Осенсеи-Балекс. Резултатите ќе ги објавиме подоцна.

Ipon.mk/В.Д.

 

И јуниорите не освоија медал на Европското карате првенство

Македонаката карате репрезенатција и по настапот на јуниорите остана без медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија, Бугарија.

Специјален известувач од Софија: Венцо Донев

Само Филип Несторовски и Фаик Весели забележаа по две победи, но ниту тие ниту Кренар Џафери и Симона Симовска не добија шанса за репасаж, бидејќи нивните противници беа поразени во наредните борби, односно не стигнаа до финалето.

Денеска „потфрли“ и поранешната европска првенка во кадетска конкуренција Вероника Костовска која загуби во првото коло. И по прегледувањето на снимката се виде дека францускиот судија си ја заврши работата како главен судија, зашто нашата натпреварувачка загуби не само од противничката туку и од судиите, кои играа за Французинката, која пак не успеа да освои медал, а оние што освоија, како шампионаката Маријана Лелис од Поругалија и Шпанката Марина Касерес, губеле убедливо од Костовска.

Несторвски покажа најмногу, но во клучната борба му падна концентрацијата и ја загуби.

Да се надеваме дека јуниорите до 21 година ќе го осветлат образот на македонското карате.

Резултати

јуниорки

-48 кг Фидан Тејмурова (Азербејџан) – Драгана Манговска (Македонија) 1-6

-53 кг Азра Цури (Македонија) – Глорија Олиќ (Хрватска) 0-3

-59 кг Вероника Костовска (Македонија) – Клара Халодова (Чешка) 0-3

+59 кг Наташа Олковска (Полска) – Симона Симовска (Македонија) 1-1

             Симона Симовска (Македонија) – Василиса Бујиќ (Црна Гора) 0-1

јуниори

-55 кг Столе Смилковски (Македонија) – Мергим Бектеши (Косово) 2-0

           Столе Смилковски (Македонија) – Елдин Хајдарпашиќ (БиХ) 0-0, победа на Босанецот со изјаснување на судиите

-61 кг Фаик Весели (Македонија) – Ахмед ел Мсутафи (Австрија) 1-0

           Фаик Весели (Македонија) – Џош Барнс (Шкотска) 1-0

           Фаик Весели (Македонија) – Артем Кутугин (Русија) 0-1

-68 кг Константин Василевски (Македонија) – Валентин Јорданов (Бугарија) 0-1

-76 кг Филип Несторовски (Македонија) – Хасан Бетаче (Франција) 2-0

           Филип Несторовски (Македонија) – Лука Ферлин (Словенија) 10-1

           Филип Несторовски (Македонија) – Валид Дегали (Белгија) 1-3

+76 кг Кренар Џафери  (Македонија) – Мариос Константину (Кипар) 4-0

            Кренар Џафери  (Македонија) – Иван Корабау (Белорусија) 0-3

Ipon.mk

IPON