Жорж Сент Пјер потпиша договор со УФЦ

Пред некое време се појавија гласини за нова среќна врска меѓу Жорж Сент Пјер и УФЦ, тие работи сега се официјализираа. Фановите можат спокојно да го очекуваат враќањето на поранешниот шамион, бидејќи потпиша договор со организацијата.

За да се дојде до тука, сепак мина многу време. Уште кога се повлече од спортот во 2013 година, навивачите со интерес го очекуваа неговото враќање. Дури на 35-годишна возраст, ЖСП ќе може да се натпреварува на високо ниво. Во изминатите три години имаше време да се излекува од повредите, а за тоа време не претсана да тренира.

Категоријата во која се враќа е доста динамична и има многу можни противници, како на пример шампионот Тајрон вудли, поранешниот тренинг партнер Стефен Томпсон, поранешниот шампион Роби Лоулер, како и ветеранот Демијан Маија.

Се очекува ЖСП враќањето да го нпарави наесен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО