Home Blog Page 2561

Судија преспа гилотина, човек влезе во кафезот и спаси борец од задавување (ВИДЕО)

Човек од штабот на еден од борците требаше да влезе во кафезот и да интервенира откако судијата ја „преспа“ скандалозната употреба на гилотината.

Станува збор за средбата меѓу Аша Рока Хана Кампф, која заврши уште во првата рунда.

Рока успеа да ја заклучи со гилотина Хана Кампф, при што беше видливо дека ја изгуби свеста. Сепак, судијата воопшто не забележа дека Кампф е во аут, па требаше човек од нејзиниот штаб да влезе во кафезот и да стави крај на непотребно долго давење.

Погледнете ја скандалозната ситуација што се случи во синџирот СФЛ:

https://twitter.com/Jolassanda/status/832594945131368449

.

Борец брутално е нокуатиран два пати за 20 секунди (ВИДЕО)

Да си судија на ММА меч е исклучителна одговорност, бидејќи, пред се, треба да ги заштитат борците од многу удари кои сее штетни за нивното здравје.

Сепак, не секогаш, судиите носат соодветно решение што се однесува до тоа дали еден меч треба да биде прекинат или не.

Пример за тоа е следниов мај тај дуел меѓу Квангтунг и Францискон Алегре.

Откако Квантунг успева да го собори Алегре со ѕверско лево кроше, тој некако успева да се подигне, но видливо е дека не е во можност да се бори.

Судијата донесува одлука натпреварот да продолжи, пред да одлучи Квантунг конечно да стави крај на средбата, го заврши мечот брутално летечко колено во главата на противникот.

Можеме да се каже дека тоа е погрешна одлука на судијата, кој требаше да ја прекине средбата уште по првиот нокдаун. Погледнете:

https://twitter.com/Jolassanda/status/832608306401275904

 

Сребрен медал за Мартин Михајлов на Британското национално про џиу џицу првенство

Мартин Михајлов на Британското национално про џиу џицу првенство во Лондон, Англија, го освои сребрениот медал.

Михајлов е тренер на на клубот Карлос Маја од Скопје.

Да потсетиме дека членот на овој клуб, Марјан Зиков, неодамна го освои бронзениот медал на Европското првенство во џиу џицу во Лисабон-Португалија.

Ipon.mk/В.Д.

Бронзен медал за Сашко Мирчевски во Карлсруе-Германија (ФОТО)

Сашко Мирчевски го освои бронзениот медал во категоријата до 85 кг. на Европскиот турнир во Карслуе, Германија, за сини појаси во бразилско џиу џицу.

Нинџуцу клубот Битола за што голема благодарност му одадаваат на Бенедикт Шотофер и академијата Минхен ММА.од Греманија.

Ipon.mk/В.Д.

ЕКСКЛУЗИВНО-Петар Заборски: Беше тешко, претходно многу се изморив, но дадов се од себе и успеав!

Петар Заборски го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми со што ја продолжи традицијата Македонија да освојува медали од европските првенства.

Во борбата за бронзениот медал го победи Ерменецот  Серјожа Саргасјан со 2-0.

Специјален известувач од Софија: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Колку далеку беше медалот по поразот од светскиот и европскиот првак во првото коло Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3?

-Имав многу тешка група, во која беше европскиот и светскиот шампион кој ми се падна во првото коло. Потоа, на моја среќа, Габор влезе во финалето и имав репасажни борби.

Во репасажните борби се избори одлично и во првата и втората борба прикажа зрелост и агресивност.

-Да, го подобрив тактичкиот дел. Во првата борба бев малку под притисок. Дадов максимум во сите борби и успеав да освојам медал.

Каво ти беше мислењето за Ерменоцот Серјожа Саргасјан пред борбата за медалот?

-Тој е медалист од Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта. Беше тешко, бидејќи претходно многу се изморив. Сепак, дадов се од себе. Бев тактички подготвен, а потоа се си дојде на свое место.

Што се претходеше на медалот, односно како се подготвуваше?

-Имавме прекрасни подготовки со мојот матичен клуб Макпетрол во Маврово, каде што ја дигнавме формата. Потоа имавме турнир во Хрватска и Балканското првенство на  кои мојата форма одеше во нагорна линија.

Сега што следува?

-Сега имаме сениорско Државно првенство, а потоа, здравје Боже, да се квалификувам за Европското првенство за сениори.

Што значи ти овој медал, бидејќи е во најсилната конкуренција кај јуниорите до 21 година кои поголем дел се натпреваруваат и во сениорска конкуренција?

-Лично за мене е голем мотив и за мојата кариера. Ќе тренирам уште повеќе за да направам резултат и во сениорска конкуренција.

Со овој успех Заборски ќе си ги поврати парите што ги плати за да патува на Европското првенство во Софија.

 

Патот на Петар Заборски до медалот

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.

 

Тефејуз со три титули на Изборното првенство за јуниори (ФОТО)

На Изборното првенство на Македонија за јуниори во Прилеп денска се појавија 40-на борачи, при што Тефејуз има 100 отстотен ефект со тројца борачи освои три титули, по една титула имаат Лирија, Балканец, 7 Мај Леов и Бучим, без една категорија.

Во женска конкуренција се појавија две борачки на 7 Мај Леов, кои, нормално, станаа прваци.

50 кг
1.Тодор Темелковски – 7 Мај Леов

2.Џан Демиров – Балканец

3.Земри Авдили – Студеничани

55 кг

1.Армин Идризи – Тефејуз

2.Мартин Стојанов – Балканец

3.Омер Фуга – Лирија

Фати Вејсели (Студеничани) – борба

60 кг

1.Елмедин Сејфулаху – Лирија

2.Васко Ристов – Неготино

3.Леонардо Насески – 7 Мај Леов

3.Марија Мимичкоски – 7 Мај Леов

66 кг

1.Фати Фејсели – Студеничани

2.Ријат Реџепи – Лирија

3.Јане Буровски – Неготино

3.Шаип Брава – Лирија

74 кг

1.Буњамин Нуиши – Тефејуз

2.Омер Сејфулаху – Студеничани

3.Астрид Исмаили – Лирија

3.Фиданчо Јованов – Бучим

84 кг

1.Рамадан Мустафовски – Тефејуз

2.Столе Ефтимов – Спартак

3.Михаил Николов – Балканец

3.Петар Тодев – Балканец
96 кг
1.Александар Донев – Балканец
2.Џан Назифов – Балканец

3.Димитар Вандов – Неготино
3.Васе Спасов – Балканец

120 кг

1.Крстев Кристијан – Бучим

2.Усеин Мечов – Неготино

Жени

59 кг

1.Катерина Мирчевска– 7 Мај Леов

63 кг

1.Тамара Игнатовска – 7 Мај Леов

ЕКИПЕН ПЛАСМАН:

1. Балканец 23 бода

2. Лирија 19

3. Тефејјуз 15

4. Неготино 13

5. Студеничани 11

6. 7 Мај Леов 10

7. Бучим 7

8. Спартак 4

Екипниот пласман на изборните првенства на се забележува.

Ipon.mk/В.Д.

29 медали за ВАКО Македонија на Гран при Босна и Херцеговина (ФОТО)

Македонските кик бокс клубови во организација на Кик боксинг федерација на Македонија со 35 кикбоксери и освоија 29 медали – 9 златни, 14 сребрени и 6 бронзени, а Македонија ВАКО е прогласен за најуспешен тим на турнирот „Гран при Босна и Херцеговина“, ВАКО/WAKO турнир во Сараево.

На турнирот учествуваа 544 борци од 7 држави.

Меѓу оние што освоија златни медали се: Бобан Илиоски, Милан Кубин, Александар Димоски, Викторија Варадинова – два и други.

Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец во кадетска конкуренција.

Ги чекаме конечните резултати, кои веднаш ќе ги објавиме штом ќе пристигнат.

Ipon.mk/В.Д.

Европско превнство: За Петар Заборски бронза, Петар Спасеновски спречен од судиите да се бори за медал (ФОТО)

 

 

Петар Заборски го осовиот единствениот медал (бронзен) за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми, а Спасеновски ја испушто можноста да се бори за медал, иако стигна до меч за влез во полуфиналето, а ја имаше победата против Енес Цонго од Босна и Херцеговина. Судиите го дисквалификуваа за влечење при резултат 2-1.

Специјален известувач: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Инаку од денешниот ден според прикажаните борби можеме да бидеме задоволни од нашите каратисти, но не и од резултатите. Давид Петков и Димитар Илиевски прикажаа одлични борби. Димитар на несреќен начин не пројде понатаму, а и неговиот противник на несреќен начин не се пласира во финалето.

Во клучниот меч за бронзениот медал Петар Заборски го совлада – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0).

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.л

Моника Пендароска (-55 кг) – Ли Лирисман (Естонија) 0-0 (2-3 изјаснување)

Сара Крстевска (61 кг) – Маириам Елсавад (Австрија) 0-1

Ангела Мојсовска (-68 кг) 2.коло – Орана Фортеса (Косово) 3-4 (0-1, 0-2, 0-3, 2-3, 2-4, 3-4)

Мојсовска дозволи многу лесно да и поведат со 2-0 на контри, потоа и 3-0. Со агресивната борба намали на 2-3, но противничката поведе со 2-4, за Мојсовска да намали на 3-4, но немаше сила да направи целосен пресврт.

Давид Петков (-60 кг) – Дмитро Конијчук (Украина) 4-3 (0-1, 0-2, 3-2, 4-2, 4-3)

Давид Петков против Украинецот направи целосен пресврт откако му поведе со 0-1 и 0-2, но нашиот репрезентативец со уромаваши направи ипон и поведе со 3-2. Потоа со сигурно водење на борбата стигна до победата.

Давид Петков – Уго Маседо (Португалија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петков добро напаѓачки влезе во овој меч и со борба од близу со чако зуки и и кзаме цуки собираше поени, но имногу не му досудија, како оној со атрактивен уширо гери.

Давид Петков – Едгар Миносјан (Ерменија) 3-5 (0-1, 0-2, 3-2, 3-4, 3-5)

Нашиот репрезентативец се најде во незгодна позиција бидејќи противникот му поведе со 2-0, поради борбата што ја водеше од дистанца. Петков успеа да изарботи уширо гери и да освои три поени и да го изедначи резултатот. Сепак, во желбата да дојде до победа противникот го фати на две контри и ја заврши борбата во полуфиналето.

Димитар Илиевски (-67 кг)2.коло – Симеон Стојчев (Бугарија) 6-1 (0-1, 1-1, 2-1, 3-1, 4-1, 5-1, 6-1)

Иливески не се поколеба по водството на противникот туку со борба од блиску и најчесто  со чаку зуки и кизаме цуки поентираше, од кои повеќето беа во контранапад со престретнување.

Димитар Илиевски – Сами Енхаили Енкјуд (Шпанија) 3-5 (1-0, 1-1, 2-1, 3-1, 3-5)

Борба со многу возбудувања која на крајот заврши трагично за нашиот натпреварувач, бидејќи на само 2 (две) секунди, а беа вкуоно осум до крајот, противникот во контра му направи ипон. Така доби три поени и победи во мечот во кој доминираше Димитар.

Петар Спасеновски (-84 кг) 2.коло – Хвича Кипароидѕе (Грузија) 2-0 (1-0, 2-0)

Цело време борбата се водеше од дистнаца и со многу тактизирање. Спасеновски поведе со 1-0 на 34 секунди пред крајот, а на 7 секунди и со 2-0.

Петар Спасеновски – Јулиан Шане (Швајцарија) 3-3 (1-0, 2-0, 3-0, 3-3)

за полуфинале Петар Спасеновски – Анес Цонго (БиХ) 2-1, дисквалификација

Семир Ќосовиќ (+84 кг) – Габриел Атанасов (Молдавија) 3-1 (0-1, 1-1, 2-1, 3-1)

Ќосовиќ иако го изгуби првиот поен, потоа со постојана акција од близу ја зголемуваше разликата во водсвото.

Семир Ќосовиќ – Филип Барац (Хрватска) 0-1

Претежно одмерување на силите, а Барач на крајот го освои единствениот поен што му ја донесе победата.

 

Петар Заборски го освои бронзениот медал за честа на македонското карате на Европското првенство (ФОТО)

Петар Заборски го осовиот првиот медал за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми. Заборски го освои бронзениот медал.

Специјален извстувач: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Во клучниот меч за бронзениот медал Петар Заборски го совлада – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0).

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.

 

 

Борец се правеше важен, па заврши со брутален нокаут (ВИДЕО)

Велат дека скромноста е доблест.

Ние не знаеме дали тоа е лекција која Џо Хардинг ја извлече од настанаот Бритиш челинџ 18 во англискиот Колчестер, но вреди да се види како го доживеа судирот со реалноста.

За време на борбите во аматерите во преолесна категорија Џо Хардинг се правеше важен и заклучи дека има време за шега и танц, на што неговиот противник Јоан Сегас го „исклучи“ со лев висок удар.

https://youtu.be/sNKVrkcXA-8

.

IPON