ЕКСКЛУЗИВНО-Петар Заборски: Беше тешко, претходно многу се изморив, но дадов се од себе и успеав!

Петар Заборски го освои бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во конкуренција на јуниори до 21 година во категоријата до 75 килограми со што ја продолжи традицијата Македонија да освојува медали од европските првенства.

Во борбата за бронзениот медал го победи Ерменецот  Серјожа Саргасјан со 2-0.

Специјален известувач од Софија: Венцо Донев

Фото: Ipon.mk

Колку далеку беше медалот по поразот од светскиот и европскиот првак во првото коло Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3?

-Имав многу тешка група, во која беше европскиот и светскиот шампион кој ми се падна во првото коло. Потоа, на моја среќа, Габор влезе во финалето и имав репасажни борби.

Во репасажните борби се избори одлично и во првата и втората борба прикажа зрелост и агресивност.

-Да, го подобрив тактичкиот дел. Во првата борба бев малку под притисок. Дадов максимум во сите борби и успеав да освојам медал.

Каво ти беше мислењето за Ерменоцот Серјожа Саргасјан пред борбата за медалот?

-Тој е медалист од Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта. Беше тешко, бидејќи претходно многу се изморив. Сепак, дадов се од себе. Бев тактички подготвен, а потоа се си дојде на свое место.

Што се претходеше на медалот, односно како се подготвуваше?

-Имавме прекрасни подготовки со мојот матичен клуб Макпетрол во Маврово, каде што ја дигнавме формата. Потоа имавме турнир во Хрватска и Балканското првенство на  кои мојата форма одеше во нагорна линија.

Сега што следува?

-Сега имаме сениорско Државно првенство, а потоа, здравје Боже, да се квалификувам за Европското првенство за сениори.

Што значи ти овој медал, бидејќи е во најсилната конкуренција кај јуниорите до 21 година кои поголем дел се натпреваруваат и во сениорска конкуренција?

-Лично за мене е голем мотив и за мојата кариера. Ќе тренирам уште повеќе за да направам резултат и во сениорска конкуренција.

Со овој успех Заборски ќе си ги поврати парите што ги плати за да патува на Европското првенство во Софија.

 

Патот на Петар Заборски до медалот

Инаку во првата средба Заборски загуби од Габор Хараспуки од Унагрија со 0-3, но затоа во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби.

Петар Заборски (-75 кг) 2.коло – Габор Харспатаки (Унгарија) 0-3 (0-1, 0-2, 0-3)

Заборски дозволи многу лесно да му ги земат првите два поени, а третиот дојде како последица на бркање резултат. Во две ситуации судиите не доссудија поени за Петар, при кизаме цуки и уширо гери.

Репасаж: Петар Заборски – Ардит Рушити (Словенија) 2-0 (1-0, 2-0)

Заборски влезе многу сигурно во првата борба од репасажот и со напаѓачка тактика, така што на два пати со брзи кизаме цуки поентираше. Потоапостојано го притискаше противникот.

Репасаж 2: Петар Заборски – Ѓорѓе Салапура (Србија) 1-0

Заборски и Салапура водеа статичка борба со многу претпазливост, па се се реши во последните секунди, а Петар победоносниот поен го направи на 8 секунди до крајот.

За бронзен медал: Петар Заборски – Серјожа Саргасјан (Ерменија) 2-0 (1-0, 2-0)

Петар се избори мудро и храбро и го потроши и последниот атом во клучната борба за бронзениот медал содва извонредни чако зуки удари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО