29 медали за ВАКО Македонија на Гран при Босна и Херцеговина (ФОТО)

Македонските кик бокс клубови во организација на Кик боксинг федерација на Македонија со 35 кикбоксери и освоија 29 медали – 9 златни, 14 сребрени и 6 бронзени, а Македонија ВАКО е прогласен за најуспешен тим на турнирот „Гран при Босна и Херцеговина“, ВАКО/WAKO турнир во Сараево.

На турнирот учествуваа 544 борци од 7 држави.

Меѓу оние што освоија златни медали се: Бобан Илиоски, Милан Кубин, Александар Димоски, Викторија Варадинова – два и други.

Викторија Варадинова е прогласена за најдобар борец во кадетска конкуренција.

Ги чекаме конечните резултати, кои веднаш ќе ги објавиме штом ќе пристигнат.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО