Оверем против Сергеј Павлович

Алистер Оверем (43-17, 8-6 УФЦ) ќе му посака на Сергеј Павлович (12-0) добредојде во октогонот на УФЦ.

Борбата меѓу 38-годишниот Холанѓанец и непоразениот Русин ќе се одржи на 24 ноември ма УФЦ Фајт најт 141 во Пекинг.

Оверем во мечот влегува по двата порази со нокаут од Френсис Нгану и Кертис Блајдс.

Тем неодамна се пресели во Колорадо и почна да се тренира во Тим Елевејшн, заедно со Блајдс, кој се бори со Нгану на истиот настан.

Павлович е поранешен шампион во тешка категорија во ФНГ. Последен пат се бореше во ноември минатата година и со технички нокаут во првата рунда го победи Кирил Сиделников.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО