Дејан Георгиевски и Филип Додевски со златото и среброто на „Грција опен“, чекор поблиску до Олмпијадата во Токио 2020 (ФОТО)

Двата сениорски медали на Светскиот куп од серијата Г-1 – „Грција опен 2018“ во Атина се повеќе ги доближува нашите таеквондосити до Олимписките игри во Токио 2020. Дејан Георгиевски (+87 кг) го освои златниот медал со две победи над противници од Грција и САД, Филип Додевски (-87кг) сребрениот со една победа на репрезентативец на Грција и пораз во многу тесна борба од натпреварувач на репрезентацијата на Србија кој трет на Европското првенство.

Костадин Георгиевски во солидна борба е поразен од репрезентативец на САД кој денеска освои златен медал, а Иван Крстевски загуби од Грк 8-7.

Од нашиот табор порачуваат:

„Кругот за Токио се шири, со цело срце одиме на олимписка историја за Македонија“.

Во недела се борат тројца јуниори.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО