Македонските бодибилдери освоија 2 сребра и 4 бронзи на „Дајмонд купот“ во Скопје (ФОТО)

Изминатиов викенд во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија во Скопје (13‐15 октомври) се одржа престижниот Европски куп во бодибилдинг и фитнес „IFBB Diamond Cup Macedonia2018“.

Во силна конкуренција македонските натпреварувачи забележаа одлични резултати, освојувајки четири бронзени медали: Владе Станковски во категоријата ветерани до 50 години, Васко Мамучевски во категорија бодибилдинг до 85 кг и Симона Стојановска во категорија бикини‐фитнес до 166 см и Иван Грозадновски во физик јуниор; два сребрени медали: Јовче Василвски во категорија ветерани над 50 години и Александар Трајковски во категорија бодибилдинг ‐класик до 180 см).

На натпреварот учество земаа 155 натпреварувачи од 24 држави од Европа и Светот. Македонија на овој Европски куп настапи со тим од 15 натпреварувачи и двајца меѓународни судии, Бобан Ѓороски и Милан Глигороски.

„Натпреварот го судеа вкупно 7 меѓународни судии. Од страна на делегатие на Светската бодибилдинг федерација, IFBB , Витор Реис од Портигалија и Винсенте Редондо од Шпанија, натпреварот организациски, како и по квалитет, беше оценет со највисоки оцени. Тоа ни дава за право да се надеваме дека истите оцени ќе ги добиеме и на Светскиот конгрес на IFBB кој ќе се одржи во Бенидорм, Шпанија 08‐12.11.2018 година, а со тоа и можност овој натпревар да стане традиционален во иднина“, вели претседателот на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија Бобан Ѓороски.

Фотографии од овој натпревар можете да најдете на линкот на Светската бодибилдинг и фитнес федерација ЛИНК.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО