Оверем пет килограми полесен од Харис (ВИДЕО)

Во Џексонвил, Флорида, се одржа мерењето за третиот настан на УФЦ во тој град во последната недела.

Во главната борба силите ќе ги одмерат Алистер Оверем (45-18-1НЦ, 10-7 УФЦ) и Волт Харис (13-7-1НЦ, 6-6-1НЦ УФЦ).

39-годишниот Холанѓанец се враќа во октагонот по нокаут поразот на четири секунди пред крајот на петата рунда од Жаирзињо Розенструик во борба која до тој момент ја добиваше на поени. На 36-годишниот Харис, кој е непоразен во последните четири борби, ова ќе му биде прв настап по убиството на неговата усвоена ќерка минатиот октомври.

„Рем“ тежеше 115, а Харис 120 килограми.

УФЦ на ЕСПН 8:
Алистер Овереем (115) – Волт Харис (120)
Клаудија Гадела (52.4) – Анџела Хил (52.2)
Едсон Барбоза (66) – Дан Иге (66,2)
Ерик Андерс (84,4) – Кшиштоф Јотко (84,2)
Марлон Вера (66) – Синг Јадонг (66)

Мигел Баеза (77.4) – Мет Браун (77,6)
Ентони Ернандез (84,2) – Кевин Холанд (82,8)
Гига Чикадѕе (66) – Ирвин Ривера (ТБА)
Дарен Елкинс (66,2) – Нејт Ландвехер (66,2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО