Фјури: Кога ги прмив најдобрите удари на Вајлдер знаев дека не може да ме победи

Тајсон Фјури вели дека откако се нашол на подот два пати во првата борба против Дионтеј Вајлдер стана убеден дека Американецот не може да го победи.

Првиот меч во декември 2018 година заврши без победник со поделена одлука на судиите (113-113, 111-115, 114-112), а покрај тоа што Британецот имаше две броења повеќето набљsудувачи се согласуваат дека требаше да го добие мечот.

Фјури во реваншот во февруари годинава целосно доминираше и ја заврши борбата во седмата рунда и по втор пат стана светски шампион во тешка категорија.

Ќе се одржи и трета борба, но дискутабилно е кога. Беше планирана за октомври, а со оглед на состојбата околу пандемијата на коронавирусот, може да биде преместена за крајот на годината.

„Секој кој сакаше да слуша зборува дека ќе го нокаутирам Вајлдер поради нешто што се случи во првата борба, нешто што го видов во првата борба“, рече Фјури.

„Знаев дека не може да ме победи затоа што ако ме совладаше, ќе ме победеше откако три години бев надвор од рингот и ќе имав само две никакви повратнички борби. Не го можеше тоа ни тогаш. Не можеше да ме задржи на подот кога веќе ме имаше. Знаев дека ме погоди со неговите најдобри удари и јас станав по нив. Тогаш знаев дека не може да ме победи“.

„Тоа беше ментална сила, сила на волјата, решителност и мадиња само да кажам: во ред. А сега јас на тебе ќе ти покажам синко. Да видам како реагираш на тоа. Мислам дека беше изненаден кога го нападнав со првиот удар во гонгот. И сакав малку да му вратам затоа што ме рушеше два пати во првата борба. Во втората го соборував три или четири пати  и со тоа го завршив најголемото враќање во историјата на боксот“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО