Ситичаи потпиша за ОНЕ Чемпионшип

Најдобриот кикбоксер на тежина од 70 килограми Ситичаи Ситсонгпееног потпиша за ОНЕ Чемпионшип.

28-годишниот Тајландец е поранешен шампион на Глори во лесна категорија, но се чини дека водечката светска кик бокс промоција едвај чекаше да се ослободи од него.

Прво е оштетен во борба за појасот со Робин Ван Росмален во 2015 година, а кога го совлада во реваншот ја одбрани титулата уште четири пати. Откако минатиот мај Марат Григоријан успеа да го победи во петиот обид, ја напушти Глори.

Во ОНЕ во перолесна категорија го чекаат големи имиња како Џорџо Петросијан и Јодсанклај.

Дебито на Ситичаи се очекува оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО