Мајк Тајсон откри кој му е омилен тенисер

Легендарниот боксер Мајк Тајсон откри кој е неговиот омилен тенисер. Тоа е сегашниот светки рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, кој има 17 гренд слем титули и ја почна 2020 година вртоглаво пред да биде прекината сезоната поради пандемијата на коронавирус. Србинот ја започна годината со 18 победи без пораз, освојувајќи го АТП Купот (6 победи сингл), Австралија опен (7 победи) и трофејот во Дубаи (5 победи).

„Новак Ѓоковиќ е мој омилен тенисер во моментов. Ако тој е добар, многу ми се допаѓа да го гледам. Тој е мојот љубимец, затоа што начинот на кој се врати по повредата и победуваше тенисери како Надал и Федерер е неверојатен. Тој е вистински борец “,  изјави Железниот Мајк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО