Оверeм насмеан: Знаевме што ме чека, тоа го видовме на неговите настапи (ВИДЕО)

„Повторно успеавме на 40 години“, порача со насмевка легендата по настанот во Лас Вегас.

Алистер Оверем (47-18-1 з.н.) беше горд на новата голема победа што ја оствари во раните неделни утрински часови.

40-годишниот ветеран призна дека Аугусто Сакаи (15-2-1) беше многу солиден противник, но додаде и дека уште пред  мечот знаел дека кога-тогаш ќе се укаже прилика за прекин.

„Сите можевме да видиме дека Аугусто е солиден карактер. Го знаевме тоа, но јас бев многу добро подготвен. Го направивме тоа повторно и на 40 години. Знаевме дека Аугусто може да погоди. Го видовме тоа во неговите претходни настапи. Па затоа бев внимателен. Знаев дека ќе се отвори простор, а со самото тоа ќе укаже и прилика за прекин сама по себе. Нитиу еднаш не бев здрман во текот на оваа борба”.

Што следи?

„Не знам. Може ли малку да се одморам? Подготовките беа тешки, но ги сакам. Го сакам и мојот тим, сакам да тренирам и сакам да се борам – тоа е мојата страст 23 години. Следува малку одмор, а потоа ќе се вратам во акција на крајот на оваа или почетокот на следната година“, рече Оверем во првата реакција по настапот во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО