Миочиќ ја искоментира опцијата со Леснар и најави: Нагану направи напредок, ќе мора да ја променам тактиката!

Стипе Миочиќ најверојатно во неговиот следен настап повторно ќе се бори против Френсис Нагану, секако постои опција во која е вклучен и Џон Џонс, а доколку работите станат сериозни со враќањето на Брок Леснар во УФЦ, актуелниот шампион смета дека тој е оној на кого прво треба да му го понудат тој меч.

Стипе неодамна гостуваше на подкастот „Верувај ми“ на Мајкл Биспинг со славниот британски пензиониран борец помина неколку теми. Една од нив се однеусваше и на плановите на Миочиќ.

И како што стојат работите, Стипе е отворен и за реванш со „Предаторот“, но и за „суперборба“ со Џонс.

Леснар, иако во моментот не е толку сериозна, дефинитивно е интересна опција. Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и кечерска ѕвезда припаѓа на оној најтесен круг на најпопуларните борци кои се вистински магнет за публиката.

Стипе е свесен дека потенцијална средба со едно такво име ќе го направи уште попознат, но тоа веројатно ќе му донесе и најдобри приходи во кариерата.

„Мислам дека дефинитивно треба да бидам прв на кого ќе му понудат да се бори со Леснар“, кратко прокоментира Стипе на оваа тема, а потоа се префрли на најверојатната опција – Френсис Нгану.

Стипе во првата средба во целост доминираше над камерунско-францускиот нокаутер и со убедлива судиска одлука на УФЦ 220 забележа голема победа. По тој меч самодовербата на Нагану беше разнишана, па загуби од Дерик Луис во неговиот следен настап, но по тој дуел се врати на старите навики и со четири експресни нокаути стана првиот предизвикувач во тешка категорија.

„Би рекол дека треба да се вратам на она што веќе функционираше, но исто така треба да знае дека тој е многу подобрен од претходната борба. Значи, треба да посегнам и по некои нови работи. Таква е оваа игра. Искрено, ако се одмориш од овој спорт, другите ќе напредуваат толку брзо што ќе те остават зад себе. Нешто малку би презел од последната борба, но не сакам да се потпрам на тоа, бидејќи тој стана подобар борец и работеше на работите кои порано ми минуваа против него. Затоа треба да направам повеќе различни работи и малку да ја променам тактиката во споредба со минатиот пат. На пример, при рушење, можеби треба да ги подоготвам на поинаков начин, можеби овој пат ќе го завршам со гушење од позади …“, објасни Стипе како може да пристапи во новата борба со Нагану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО