Откриен големиот проблем на Тајсон Фјури

Александар Красјук, промотер на шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Александар Усик, проговори за Тајсон Фјури по прекинот на преговорите со неговиот тим.

„Верувам дека проблемот на Тајсон Фјури не е во боксот, туку во животот. Работата е во тоа што тој нема цел. Нема насока во која да се движи. Постигна многу и добро заработи. Не е сиромав и не мора да станува во пет наутро за работа.

Што е следно? Има само 34 години, а тоа не е ниту половина од неговиот живот. Веројатно ќе има проблеми бидејќи нема стабилно размислување. Се движи во круг. Кога мажот не знае каде да оди, тој избира пари. Но, кога ќе купите сè, повеќе нема да се чувствувате добро“, рече Красјук во интервју за Јутјуб каналот на Фајтинг од д’инсајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО