Објавен е следниот противник на Тајсон Фјури

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) Маурицио Сулејман откри со кого треба да се бори Тајсон Фјури.

„Според новата конвенција на ВБЦ, борбата меѓу Дiонтеј Вајлдер и Енди Руиз ќе го одреди следниот противник на Тајсон Фјури во одбраната на титулата“, изјави Сулејман за БоксСцена .

Претходно беше објавено дека Фјури ќе се бори со Александар Усик за неприкосновен светски шампион во тешка категорија. Сепак,мечот пропадна бидејќи страните не се договорија за условите на договорот.

Борбата меѓу поранешните светски шампиони Вајлдер и Руиз Јуниор е закажана за 14 октомври годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО