Откажан боксерскиот меч на Мејведер закажан за 40 богати гледачи!

123

Флојд Мејведер нема да боксира против Дон Мур во егзибицискиот меч, кој беше закажан за утре поради смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Халифа бин Зајед.

Тој почина денеска, по што беше објавена 40-дневна жалост во емиратите и целосен прекин на работата во следните три дена. Токму поради ова, откажан е мечот на Мејведер против својот поранешен спаринг партнер, кој требаше да се оддржи на хелиодромот на зградата „Бурж Ал Араб“ во Дубаи. Овој спектакл во живо требаше да го гледаат само 40 гледачи, кои за своите билети платија по 175.000 евра.

Самиот Мејведер се јави на социјалните мрежи со посвета за претседателот:

„Испраќам сочуство до сите во ОАЕ. Почивај во мир, Шеик Халифа бин Зајед“.