Тројца борачи на Балканец ќе се борат за бронзи на турнирот во Романија

267

Неколку борачи од штипски Балканец денес ќе борат за бронзени медали на Меѓународниот турнир за У-17 „Константин Александру и Јоан В. Поповичи“ во Букурешт-Романија.

Јован Атанасов се боре со борач од Австрија, Стојанче Стојков со Романец, а

Марија Цветанова со Романка, додека Анабела Данилова против борачка од Шпанија во репасажот ќе бара шанса за бронза.

На овој силен меѓународен турнир, пред Европското првенство кое ќе се одржи во јуни исто така во Букурешт, селекторот на сениорската репрезентација Бобан Данов смета дека борачите на Балканец покажале најмногу.