Осумината Куртановиќ: Почнаа со европска титула…!

Kurtanovik famili

Каратето е нашиот живот велат семејството Кутрановиќ. Се започна со европскиот шампион од 1993 година на Европското првенство за младинци во Кардиф, Велс, Елвир Куртановиќ, кој го освои и првиот трофеј во независна Македонија. За таа година е избран за спортист на годината на Македонија.

Браќата Елвир и Самир долги години настапуваа за КК Цветан Димов со кои освоија повеќе државни и клупски трофеи. Потоа го формираат нивниот клуб Кеикс.

Сега победонсната карате патека ја продолжуваат Бериз, Векас и Дарин на Елвир синовите и ќерката и двата сина на Самир: Салма, Вилдан и Семин. Бериз и Салма веќе учествуваа на Балканските првенства за деца.

Деновиве осумината каратеки заеднички вежбаа на семинарот во Сутоморе-Црна Гора, а за организацијата се погрижи ТА Скаут од Скопје.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО