Ортиз: Вајлдер удира тешко како мене

Непобедената кубанска ѕвезда во тешка категорија, Луис Ортиз, призна дека неговиот следен ривал, Диотеј Вајлдер, удира многу тешко. Нивната средба е на 4 ноември во Бруклин (САД) и е за титулата на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).

„Вајлдер многу зборуваше за мене и за самата борба“, рече Ортиз и додаде: „Престанав да го слушам. Не сум силен во разговорите. Повеќе сакам да разговарам во рингот. Ова е мојот план. Го почитувам мојот ривал. Тој удира тешко, но и јас го можам тоа. Ќе добие одлична борба. Не можам да дочекам да дојде борбата“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО