Ортиз: Само сакам прилика бидам признаен како вистински првак на светот во тешка категорија

luis-ortiz-nokautira

Луис Ортиз (25-0, 22 КО) овој викенд во Монако, требаше да се бори против Карлос Такама.

Меѓутоа, привремената ВБА шампион во тешка категорија во меѓувреме, потпиша договор со британската Мечрум бокс, кој ја води кариерата на Ентони Џошуа и доби нов противник. Тимот на Ортиз му плати на ГолденбБој милиони евра за раскинување на договорот.

Еден од најопасните и најнесаканите противници во тешка категор така во рингот ќе се сретне со Малик Скот (02/01/38, 13 КО). По поразот со нокаут од Дионтеј Вајлдер во март 2014 година, 36-годишниот Американец во последните две борби ги порази Алекса Липаи и Тони Томпсон.

37-годишниот Кубанец во последниот меч го победи со нокаут Томпсон и е убеден дека во 2017 година ќе биде година во која ќе загосподари со тешката категорија.

„Сакам да се борам со најдобрите и сакам да бидам светски шампион во тешка категорија. Подготвен сум да се борам против кој било од шампионите,  каде било, кога било. Подготвен сум за сите: За Џошуа, Вајлдер, Кличко. Знам дека ситеможе да ги победам“.

„Чувствувам дека сум на врвот веќе долги години. Едноставно, доцна пристигнав на тешкашката сцена во Америка“, изјави „Кинг Конг“ кој е професионална кариера ја започна пред шест години, откако побегна од Куба.

„Се борам од основно училиште. Боксот ми е многу, многу длабока страст. Сега, тој е начин на моето семејство да му обезбедам подобра иднина и ќе ви кажам: Никој нема да ми застане на патот. Во моите очи јас сум светски шампион во тешка категорија и ако кој било друг шампион е подготвени да ме предизвика, јас тоа можам да и го докажам“.

„Имам голема почитување за шампионите во тешка категорија. Постигнаа многу и многу од тоа жртвуваа за да стигнат таму кај што се. Тие заслужуваат признание, јас само сакам шанса да ги победам и да бидам препознаен како следниот вистински светски шампион во тешка категорија“.

„Мислам дека Фјури ја стресе тешката категорија и поради него оваа категорија е една од најинтересните. Јас само сакам шанса да се борам со него или Вајлдер, за да докажам дека јас сум шампион“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО