Операцијата на Абдулрашид Садулаев беше успешна

Живата легенда во борењето Абдулрашид Садулаев беше успешно опериран.

Садулаев пред неколку дена учествуваше на Светското првенство во Србија во 2023 година. Абдулрашид во полуфиналето загуби од Ахмед Тажудинов со 2-9 и беше елиминиран. Садулаев не можеше да ја заврши борбата со Тажудинов поради повреда на вратот.

Утврдено е дека Абдулрашид има хернија на вратниот пршлен и неговиот табор поразот опрвада со повредата. Тажудинов е пријател на Садулаев и до пред неколку години тренираше во неговата теретана.

Садулаев сега ќе се посвети на рехабилитација и ќе продолжи по патот кон Париз.

„Операцијата беше успешна. Сега претстои рехабилитација и многу работа. Ви благодарам за убавите зборови и желби. Благодарам на Дмитриј Николаевич Жукаев и неговиот тим за нивната висока професионалност.

Наскоро ќе бидам во акција и ќе го продолжам патот кон Париз“, напиша Садулаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО