Он-лајн потписи за каратето на Олимписките игри во Токио 2020

 

online-signature-collecting-campaign-for-karate-into-the-olympics-2020-842

Претседателот на Јапонскиот олимписки комитет и потпретседател на „Токио 2020“, Цунеказу Такеда, претседателот на Светската карате федерација (ВКФ), Антонио Еспиноз, и Такаши Сасагава, претседател на Јапонската карате федерација, се заложија за максимано ангажирање каратето да стане олимписки спорт на Олимписките игри 2020 година во Токио. Тие побараа активно собирање на он-лајн потписи за оваа кампања. 

Во нивното задничко сооптение се вели:

„Очекуваме на Олимписките игри во Токио 2020 година, Јапонската карате федерација, во координација со ВКФ, да направи максимални напори за вклучување на каратето во програмата на Олимписките игри, со поддршка на Нипон будо – кан, Јапонската будо асоцијација, како и на се партиската парламентарна група за поддршка на Олимписките игри во Токио 2020 година, која е формирана со повеќе од 110 членови од двата дома на парламентот.

Ние, сега сме во средината на собирањето на потписи за нашата кампања, заедно со членовите на ЈКФ и ВКФ (JKF & WKF) и сите карате фанови. Вклучувањето на карате спортот на Олимписките игри дава надежи и сништа на сите во карате светот, исто така,и на следната генерација.

Со цел, на големо да се рекламира оваа иницијатива, бараме гласна и страсна поддршка во светот за каратето да биде на Олимписките игри. Како и во Јапонија, ние би сакале да побараме од Вас целосна поддршка за соработка во кампањата за он-лајн собирање на потписи“.

На овој линк може да го дадете Вашиот  линк за карате спортот на Олимписките иги 2020 во Токио:

http://wkf.net/news-center-new/online-signature-collecting-campaign-for-karate-into-the-olympics-2020/125/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО