Олмпија успешната година ја заврши со 6 медали во Ќустендил (ФОТО)

На штотуку заврши новогодишен меѓународен турнир за деца во борење грчко-римски стил „Ќустендил 2019“ борачите на Олимпија освоија шест медали – 2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени. Во екипна конкуренција Олимпија е трета.

Медалите ги освоија: 26 кг Давид Јанакиев и 32 кг Дарко Коцев – златни, 39 кг Јован Манов и
50 кг Матеј Гигов – сребрени и 59 кг Христијан Димитриев и 85 кг Кирил Сичков – бронзени, а 53 кг Филип Тодоров е петти.

Учество на турнирот зедоа шест екипи од Бугарија и Олимпија од Штип.

„Екипно го освоивме високото трето место, имајќи во предвид дека станува збор за борење во грчко-римски стил кој не е примарен за нас и учество на реномирани екипи од Република Бугарија кој го работат само овој стил на борење, успехот е повеќе од задоволителен. Остануваме посветени, покрај слободниот стил, женското борење и на грчко-римскиот стил, бидејки секој турнир секоја борба се од големо значење за нас во поглед на собирање на искуство и што повеќе борби во текот на годината кој ке придонесат за подобри резултати на нашите борачи.Честитки до борачите и тренерите за постигнатиот резултат“, велат од Олимпија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО