Конор со жестока навреда до Хабиб: Ти си мал преплашен стаорец!

Без разлика што мина повеќе од една година од историската борба меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов, продолжуваат нивните вербални пресметки, особено по последната изјава на Русинот дека повеќе никогаш не сака да се бори со „ирското ѓубре“.

Без разлика на ова, првиот човек на УФЦ, Дана Вајт, изјави дека има големи шанси да дојде до повторен меч меѓу великаните на УФЦ, но дека тоа, сепак, зависи исклучиво од одлуката на шампионот Хабиб.

„Прво мора да ослабе до 70 килограми, па да победи десет борби по ред. Дури тогаш ќе размислам за реванш. Прво мора да се тепа со второкласни натпреварувачи, за воопшто да си заслужи шанса за титулата. А, додека сум јас шампион, тоа нема да се случи. Јас решавам со кого ќе се борам, а не Дајна Вајт“, изјави Нурмагомедов.

Одговорот на Ирецот беше кус, но жесток.

„Мал преплашен стаорецу, доаѓам по тебе“, изјави Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО