Стефановски по освојувањето ЦВС титулата: Имаме разговори со големи организација во целиот свет за 2020 година! (ВИДЕО)

Даниел Стефановски изминатиов викенд го освои појасот на настанот ЦВС/CWS Fajt najt 6 во Улм, Германија, совладувајќи го Марко Баарс од Холандија во категоријата до  82,5 килограми во К-1. Стефановски славеше со прекин во третата рунда. Откако го однесе во аголот, со крошеа и аперкати го разниша Баарс, судијата му бореше. За кратко време борбата се префрли во паралениот агол и повторно отворање со предната левица по што следеа серија крошеа и аперкати, па летечки колена, судијата ја прекина борбата, со што Стефановски извојува победа со ТКО во четвртата рунда.

„Противникот навистина беше добар. Се знае дека Холандија има супер борци. Баарс имаше скор од 17 победи и 1 пораз“, истакнува Стефановски.

Во првите две рунди Холанѓанецот му парираше на нашиот кикбоксер, а во третата Даниел ја презеде контролата и пополека го уништуваше Баарс.

„Борба беше тешка, затоа што противникот сакаше да собере поени, ама јас со јаки удари го држев на дистанца. И, кон крајот на третата рунда со десно кроше го ударив и за малку ќе беше во нокаут. Потоа во 4 –тата рунда одев напред, бидејќи сакав да ја завршам борбата. Прво имаше едно броење и потоа со колено ја завршив бробата“, објаснува Стефановски како го совлада Баар.

 Оваа организација не е толку позната како претходните.

„ЦВС е една нова организација која има добри спонзори и секогаш добри борби во Германија“, вели Стефановски.

Кој за годината што поминува му благодари на Господ затоа што немал големи повреди и така можел да оди напред.

„2020-та мислам дека ќе биде многу важна година за мене, оти имаме разговори со големи организација во целиот свет. Сега полека мораме да видиме по кој пад ќе одиме и што е најдобро за мојата кариера“, нагласува Стефановски и додава: „Фала многу на сите за поддршката и се гледаме во новата година“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО