Олимписко Куманово во недела ќе биде најшампионскиот град во Европа

Ace Rusevski Dejvis OI 1976

Во недела Куманово ќе биде најшампионскиот град во Европа, а можеби и во светот, бидејќи на едно место ќе се соберат многу олимписки, светски и европски шампиони. Поводот за тоа е прославата „Олимписко Куманово – 70 години боксерска традиција“ како дел од одбележувањето на националниот празник „11 Октомври“.

redzep-redzepovski

Куманово слави 70 години од боксерска традиција најмногу препознатлива по БК Куманово, кој во својата историја има двјаца олимписки медалисти. Аце Русевски го освои бронзениот медал на Олимписките игри 1976 година во Монтреал, Канада, а Реџеп Рџеповски сребрениот медал на Олимпијадата во Лос Аџелес 1984 година во САД. Покрај тоа, БК Куманово има и европски првак од 1977 година во Хале, Германија, пак, Аце Русевски. Самир Лимановски во 1975 година на ЕП во Катовице-Полска, освојува бронзен медал. Но, Кумнаово го има легендарниот тренер Мирослав Петровиќ.

ace-redzep-i-veli

Дводневното дружење со шампионите ќе кулминира со гала прославата во ретсоранот „Лав“ на 9 октомври, при што ќе бидат врачени благодарници и признанија.

БК Куманово во 1976/77 година настапува во Првата југословенска лига. По бројот на освоени медали од Олимпијади, Светски и Европски првенства во 70-тите години на минатиот век Куманово е на второто место во поранешна Југославија, зад неприкосновениот БК Пула и легендарниот Мате Парлов, а потоа следуваат Војводина од Нови Сад со браќата Слободан и Тадија Качар и Славија од Бања Лука со Марјан Бенеш и Антон Јосиповиќ. Во 80-тите БК Куманово паѓа на третата позција, односно си ги заменуваат местата со Војводина .

Прославата на БК Куманово ќе ја увеличаат:

Тадија Качар – сребрен медал на ОИ 1976 во Монтреал;

Миодраг Перуновиќ – 1978 вицешампион на светот и шампион на Европа 1978;

 Братислав Ристиќ втор на СП 1978;

Драган Вујковиќ втор на СП 1974 и 1978;

Мирко Пузовиќ – бронза на ОИ 1984;

Перо Тадиќ –полутешкаш 1982 на СП и 1983 на ЕП бронза;

Дамир Шкаро – бронзи од ОИ во Сеул 1988 и СП 1986 во Рино-САД;

Пламен Јанков – европски првак;

Серафим Тодоров – златен медал на СП и ЕП, сребрен на Олимпијадата 1996 во Аталанта, САД;

Петар Лесов – светски и олмписки првак;

Ангел Ангелов – сребрен медал на ОИ 1972 и селектор на бугарска репрезентација; Антон Јосиповиќ – олимписки шампион од Лос Аџелес 1984 година.

serafim

Треба да нагласиме дека Серафим Тодоров од Бугарија е единствениот боксер што му нанел пораз на Флојд Мејведер кој ја заврши професионалната кариера без ниту еден пораз, а на ОИ во Аталаната 1996 година го претрпе единствениот пораз.

Покрај мајсторите на благородната вештина, уште еден голем мајстор ќе и даде посебен белег на прославата – „Златната копачка“ на Европа и европски клупски шампион Дарко Панчев.

„Ова го правиме затоа што Куманово е со победнички менталитет и сакаме бокост да се врати на победничките патеки, односно нашите боксери пак да почнат да освојуваат медали од големите натпреварувања како Олимпијдата, европксите и светските првенства. Сопрославата ја оживуваме работата на БК Куманово кое има два олимписки медала и европски. Со ова сакаме да ги заинтересираме младите да тренираат бокс, а кандидатите за репрезентација да има на кого да се угледаат и да изборат олимписка норма за Токио 2020. Со она што беше најавено од страна на Агенцијата за млади и спорт, дека по 100 илјади евра годишно ќе се слеваат во боксерските клубови, сметаме дека тоа ќе биде доволна мотивација да се тренира жестоко и да се дојде до сканата цел, однонсо 2- 3 босери да изборат олимписка норма“, вели легендарниот Аце Русевски, кој има и 32 професионлани борби – 28 победи, 2 порази и 2 нерешени, од кои 80 отсто од победите се со нокаут. Во борбата за светската титула го губи мечот поради повреда на аркадата во шестата рунда.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО