Боксер со перфектен скор почина по брутален нокаут

На бокс меч во Мајами, смртно настрада талентираниот 27-годишен Арди Ндембо кој имаше перфектен скор по првите осум борби во кои имаше исто толку победи. Сепак, на последниот меч Ндембо не само што загуби, туку претрпе брутален нокаут кој на крајот се покажа како кобен за него.

Борбата беше на 5 април, кога Нестор Сантана го нокаутираше боксерот од Конго. Ндембо во рингот остана без свест, па брзо беше пренесен во болница. Таму бил ставен во индуцирана кома, а по 20-тина дена борба, не успеа да ја добие најважната, животна битка.

https://twitter.com/VIVAPROMOTIONS1/status/1783701948308561945?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1783701948308561945%7Ctwgr%5E59600709c83a1d969a7a90c5b252178b8ff5e563%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fbokser-koj-redeshe-samo-pobedi-pochina-po-brutalen-nokaut%2F

„Жалиме поради загубата на Арди Ндембо, талентираниот боксер од Конго кој почина по нокаутот заработен на дуел од Тим Комбат лигата на 5 април. Беше во индуцирана кома, се до прераната смрт“, стои во соопштението од промотерот на борбата.

Во тимот на несреќниот Ндембо беше и вујкото на легендарниот Флојд Мејведер кој даде почит кон борецот, но потенцираше дека боксот е спорт како сите останати.

„Боксот е спорт во кој за жал ризокот може да биде поголем. Секој може да ги загуби животот во рингот. Не мислам дека боксот е лош спорт, затоа што во секој спорт може да се умре. Ако возите на трка со 200 километри на час и ако згрешите, може да загинете“, рече Џеф Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО