Олимпискиот победник Хенри Сехудо летово ќе се обиде истовремено да стане шампион на УФЦ во две категории

Хенри Сехудо (14-2, 8-2 УФЦ) е следниот борец кој ќе има можност истовремено да стане шампион на УФЦ во две категории.

Олимписки победник во борење од 2008 година и актуелен шампион на УФЦ во мува категорија на 8 јуни во Чикаго ќе се бори за испразнетата титула во бантам против Марлон Мораеш (22-5, 4-1 УФЦ).

Титулата ја ослободи Т.Ј. Дилшоу по падот на допинг тестот. 32-годишниот Сехудо во полседната пресметка во јануари го нокаутира Дилашоу за само 32 секунди, кој го предизвика за неговата титула.

30-годишниот Бразилец Мораеш е поранешен шампион на ВСОФ во бантам.

По поразот со поделена одлука на судиите од Рафаел Асунчао во УФЦ дебито во јуни 2017 година тој нанижа четири значајни победи (Џон Додсон со поделена одлука, Аљамеин Стерлинг нокаут во првата рунда, Џими Ривера нокаут во првата рунда и го победи Асунчао со гилотина во првата рунда во реваншот во февруари.

Резерви, ако еден од борците е повреден се првите двајца предизвикувачи во мува категорија Џосеф Бенавидез, кој го победи Сехудо со поделена одлука во 2016 година, и Хусиер Формига.

На настанот во Чикаго, Валентина Шевченко за прв пат ќе ја брани титулата во мува категорија против Џесика Ај.

УФЦ 238:
Хенри Сехудо – Марлон Мараеш
Валентина Шевченко – Џесика Ај
Татјана Суарез – Нина Ансароф
Или Туиваса – Благој Иванов
Феличе Хериг – Џијаонан Јан
Катлин Чокагјан – Џоан Калдервуд

https://www.youtube.com/watch?v=PctqWHL0o08

https://www.youtube.com/watch?v=-C0Ehy96PVQ

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО