Олимписката шампионка Мајлинда Келменди одбила допинг тест во јули…

majlinda kelmendi

Олимписката шампионка, џудистката Мајлинда Келменди (-52 кг), која и го донесе историското злато на Косово, може да заработи суспензија на натпреварување во Франција откако одбила ненајавен допинг-тест.

Интернационалната џудо федерација (ИЏФ/IJF) и тренерот на Келменди признаа дека 25-годишната шампионка одбила изнанаден допинг тест додека тренирала во Сен Сиприен во Франција на 16 јули. Сепак од ИЏФ истакнуваат дека суспензијата би се однесувала само на територијата на Франција и нема да има последици на нејзиното олимписко злато.

Тренерот на Келменди, Агрон Кука, инсистираше на тоа дека тестот е одбиен затоа што не верувале во кредибилитетот на личноста која требало да го изврши, а не поради користењето недозволени средства.

„Тимот беше на тренинг-камп во Франција и дојде некоја личност за допинг контрола. Меѓутоа, таа немаше никаква авторизација од Светската антидопинг агенција (ВАДА) или било кој друг. И тоа е крајот на приказната. Потоа Французите се пожалија некаде“, вели Кука.

Борбата на Келменди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО