Николоска/Паскоски: Одлучи судиското убедување-дали беше акција или лажен напад! (ФОТО)

Katerina borba na OI vo Rio so Kapitoglu

Катерина Николоска во првиот настап на Олимпиксите игри на џудо турнирот не поткленкна против многу поискусната и посилна противничка Бусра Капитоглу од Турција. Николоска се бореше храбро и загуби во продолежнието на борбата во т.н. златен бод, каде што заработо казнен поен што значеше крај на борбата. Во регуларниот дел борбата заврши без поени со по еден казнен поен.

Katerina podogotovka za borba na oII

Николоска за Ipon.mk вели:

„Одлично се чувствував пред борбата. Влегов самоуверена и мотивирана и дадов максимум. Уште на почетокот на борбата напаѓав прва, бев активна, по што таа доби казна и јас бев во предност. Борбата не беше завршена и работев максимално се до крајот на регуларното време. Беше неизвесно кој ќе победи до самиот крај. Во продолжението на борбата не чувствував притисок и само бев сконцентрирана на напад. Искрено, не очекував да добијам казна во Голден скор-златен поен за лажен напад во моментот кога се обидов да поентирам, но, ете, тоа е во доменот на судиското убедување“.

Igor i Katerina na zagrevanje na OI

Во аголот на татамито беше и нејзиниот тренер Игор Паскоски.

„Регуларниот тек на борбата (4 мин) измина во тактичко надмудрување и неуспешни акции на двете џудистки. Во продолжението т.н Голден скор – Николоска имаше една неуспешна акција, по што се обиде да изработи уште една техника на фрлање, а тоа судиите го протолкуваа како лажен напад. Поради тоа доби казна и ја загуби борбата. Одлучи судиско убедување, дали беше акција или лажен напад. Доколку беше протолкувано како акција, можеше да следи казна за Турчинката што ќе значеше победа за нашата џудистка“, истакна Паскоски.

Тој нагласува дека противничката на Николоска е освојувач на бронзен медал од Гранд при во Ташкент 2015 година, сребро во Љингдао и бронза на Гранд слем во Баку 2016.

„Иако е далеку поуспешна и поискусна, не успеа да поентира над Николоска. Како тренер можам да кажам дека Николоска навистина презентираше добро џудо. Даде максимум и беше рамноправен противник. Моите очекувања, во однос на борбата, Николоска ги  исполни и штета е што не излезе како победник. Сепак, треба да се потенцира дека победникот го одлучија мали нијанси во судиското убедување, а не доминација и освоени поени“, тврди тренерот Паскоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО