Олимписката норма за борачите остана само желба

Nurov Lezi

Македонските борачи ја испуштија и последната шанса да освојат виза за Олимпиксите игри во Рио. Магомедгаџи Нуров (-97 кг) забележа една победа и напат беше да ја оствари и втората, но со неверојатен пресврт Белорусинот Иван Јанкуски победи 8-5, иако нашиот борач водеше со 5-0.

Недоволната физичка подготвеност една од причините што втората рунда противникот ја презеде иницијативата и го победи со 8-5.

Инаку Нуров поведе со 3-0 во првата рунда, а на почетокот на втората и со 5-0, но потоа се тргна на удолу. На крајот на мечот, двајцата борачи немоќно се испружија на душекот додека судијата ги чекаше да го прогласи победникот.

Него на овие мечеви го водеше Могамед Ибрагимов, кој е и потпретседател на Федерацијата за боречки спортови на Македонија. Ибрагимов довикуваше, ама советите не стигнаа до Нуров, па Јанкуски поведе со 6-5 во последната. Нуров се обидуваше да го надополни испуштеното, но беше доцна и во контраакција Белорусинот освои уште два поени.

Nurov Istanbul OI 2016

Инаку првата броба Нуров ја доби против Атила Шмик (Унгарија) со 4-1.

Халил Зубаиров (- 86 кг) после долго време се појави на душекот и загуби со 12-4 од Георгита Стефан од Романија. Беше забележлива паузата и недостатокот на кондиција. додека имаше свежина водеше со 2-0, а 2-1 беше поради казна, но потоа немаше сила и резултатот се зголемуваше 2-3, 2-7, 2-9, 2-11, 4-11 и 4-12.

Zubairov istanbul 2016

Дејан Митров (-65 ) на почетокот добро се држеше со Борислав Новачков (Бугарија), но по водството од 1-0, Бугаринот зголеми на 2-0 со истерување, потоа за зголеми предноста на 4-0 и на крај на 6-0.

Dejan Mitrov OI Istanbul 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО