Олимпија се врати со шест медали од Косово

Борачите на Олимпија се вратија со шест медали од Меѓународниот турнир во кадетска конкуренција во Хани и Елезит (Косово), од кои 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени.

Првтото место го освои Давид Миленоски (48 кг), а Даниел Манов (92 кг) второто.

Никола Трајчев (51 кг), Мелани Митевска (54 кг), Благој Спасов (65 кг) и Кире Малцев (92 кг) се трети.

 На турнирот настапија 10 клуба од Косово, Албанија, Македонија и репрезентацијата на Ајова (САД) со над 100 борачи и борачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON