Мексиканскиот претседател го прими Енди Руиз (ВИДЕО)

Животот на Енди Руиз Јуниор се промени многу брзо.

До неодамна беше само уште еден американско-мексикански тешкаш, но кога во седмата рунда во њујоршкиот Медисон сквер гарден го сопре Ентони Џошуа во седмата рунда, живот му се промени преку ноќ.

Стана глобално познат, а неговиот успех му донесе признание во татковината на неговите родители која ја смета за своја.

На покана на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор новиот светски шампион во тешка категорија пристигна во Националната палата во Мексико Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО