Овој викенд во Охрид се одржа семинар за Oкинава карате до, стил уечи рју.
Овој семинар се одржа под водство на сенсеи Милан Димитриески 6 дан, Милош Кончар 4 дан од Федерацијата за Окинава карате од Белград (Окикукаи Србија) и Боре Видевски 3 дан, претставник за овој стил во Македонија од карате клубот Окинава (Окикукаи Македонија).
„На семинарот се проверуваа и усовршуваа старите техники, но се учеа и нови . Воедно овој семинар беше само подготовка за официјалниот семинар кој традиционално се одржува во Велес, каде што е седиштето на овој карате стил. Семинарот ќе се одржи во периодот од 16 до 18 септември, кога покрај едукативниот дел, ќе се одржи и полагање за ученички рангови“, изјави за Ipon.mk, Боре Видевски.
Ipon.mk/В.Д.