Величенствен пречек на олимпискиот шампион Мајлинда Келменди во Приштина (ФОТО)

Majlinda Kelmendi precek

Олимписката шампионка во џудо во Рио, Мајлинда Келменди, вчера се врати во Косово по остварувањето на историскиот успех за себес и за Косово, кое првпат учествуваше на Олимписките игри. И беше приреден величествен пречек.

Покрај семејството, на приштинскиот меѓународен аеродром ја пречекаа официјални лица на Косово и многу граѓани.

Славењето на медалот продолжи со парада по лиците во Приштина, кои беа преполни со народ за да ја поздрават најдобрата светска џудистка, а таа од отворениот автобус им отпоздравуваше. Сепак, тоа не беше се, туку прославата заврши во родниот Пеќ, каде што беше пречекана од возбудените граѓани и примена од страна на општинските власти.

Majlinda kelmendi precek pristina

„Мајлинда отиде во Рио како шампион, вечерва се врати дома, како една од најпопуларните олимписки ѕвезди. Мајлинда го донесе златниот медал, а нејзиното враќање во Косово е враќање на надежта и мотивација за нашите млади луѓе да ги исполнат своите соништа“, истакна на пречекот претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Majlinda Kelmendi na piedestal

Во традиционалните албански бои, црвена и црна, Мајлинда во Глоѓан ја доби наградата „Шкелзен Харадинај“ од истоиментото семејство: „Денес ние чест на златниот шампион Мајлинда Келменди да им ја врачиме наградата, за враќање на надежта кај малдите“.

ВИДЕО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО