Медиумското внимание околу следната борба на Конор Мек Грегор се повеќе расте, иако од УФЦ се уште ништо официјално не објавиле. Неофицијално, во моментов Ирецот се подготвува за преминувањето во лесна категорија, каде ќе се бори за титулата со актуелниот шампион Рафаел дош Ањош.
Сепак, бидејќи сè уште не извесен идниот противник на Мек Грегор.
Според некои извори, мечот конечно не е договорен, бидејќи Конор преговара за поголем хонорар.
Дали тоа е вистина или не, можеме само да претпоставуваме, но од штабот на Мек Грегор велат дека „Д’Ноториус“ ќе се бори на УФЦ 197 во март, независно од тоа кој ќе биде неговиот противник.
Тренерот Овен Роди во интервју за „MMA hour“ во понеделникот, потврди дека тој навистина ќе се бори за време на УФЦ 197:
„Се што знам од Конор е дека тој ќе се бори на 5 март. Противникот се уште не му е потврден. Може да е Дош Ањош. Но може и да е некој друг. Уште поважно е дека Конор навистина ќе победи во март. Сепак, луѓето доаѓаат, бидејќи сакаат да видат како тој се бори, па против кого – толку и не е важно. Сигурен сум дека тој ќе се качи во кафезот на 5 март. Очекувајте го“.