Според тренерот на Холи Холм, Миша Тејт е поопасен борец од Ронда Русеј

Holm ja udira Ronda

Има борби кои ги прават мешаните боречки вештини навистина интригантен спорт. Таква беше меѓу поранешната шампионка во бантам категорија меѓу Ронда Русеј и Холи Холм.

Многумина може и да си мислат дека откако се сретна со дотогаш непобедената Русеј, Холм лесно ќе продолжи да доминира во категоријата.

Според нејзиниот тренер Мајк Винклџон, сепак, нејзината следна противничка, Миша Тејт, може да биуде многу потежок противник на Холм отколку Ронда.

„Признаваме дека на Холм и беше исклучително тешко да се спротивстави на Ронда, бидејќи таа важеше за легенда и имаше неверојатна напнатост. Да си аутсајдер во даден меч навистина е исцрпувачки и ти одзема голем дел од силата. Сега, ќе се сретнеме со сосема поинаков противник. Стилот на Миша Тејт е друг, таа се бори порадикално на поинаков начин. Од повеќе причини, Миша е поопасна од Ронда Русеј“.

„Не зборувам целосно, но во различни аспекти на мечот, има жени во категоријата, кои може да се многу поопасни од Русеј. Јас мислам дека Миша Тејт е подобар борец од Ронда Русеј“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО