Американските даночници го обвинуваат Ројс Грејси за милионско затајување

royce gracierr

Ројс Грејси треба да се врати на борилиштето во февруари на Белатор 149 против Кен Шамрок.

Пред то го чека борба со американските даночници. Проблемите на Грејси со ИРС започнаа во 2012 година, кога тој и неговата сопруга добија известување да достават податоци за нивните сметки во странски банки и инвестициите во странство. Потоа даночниците побараа документи за периодот 2007-2011 година.

Грејси се поканети да се отчитаа пред даночниците и да ги достават документите, но не го направија тоа.

Службеничката од даночното кој работи на случајот откри сметки во странски банки – ХСБЦ во Швајцарија, Caixa Penedes во Шпанија и во First Gulf bank во Абу Даби, а не ги пријавиле на ИРС, додека истовремено во САД барале поврат на данокот.

Во февруари 2013 година, адвокатот на Грејсиеви испратил жалба на повикот. Ниту еден документ не е приложен на жалбата, а брачниот пар се повика на 5-тиот амандман кој им дава право да не одговораат на прашања кои би можеле да ги инкриминираат.

Инспекторката Ибара верува дека преку тие сметки во САД се префрлени над три милиона евра, што е во спротивност со нивните минимални пријавени приходи.

„Утврдив дека од 2007 до 2011 година преку сметките на странските банки на амаериканските сметки на Грејсиеви се префрлени над 3 милиона евра. Средствата, меѓу другото, се користени за реновирање на нивната куќа во Мамут лејк, Калифорнија, како и за покривање на долговите од 2008 година, при што 350.000 долари се префрлени од оф-шор сметки за купување на недвижен имотот во Палос Вердес, Калифорнија. Во 2010 година Грејси купиле уште една недвижнина во Калифорнија. 497.972 долари биле префрлени се од оф-шор сметка за то купување. За годините од 2008 до 2011 година, Грејсиеви поднеле даночна пријава со минимално оданочен приход. Тие, исто така, побарале даночно олеснување на децата“.

На даночните инспектори им станало сомнително како членот УФЦ-овата куќа на славните со повеќе од 50 Ројс Грејси џиу џицу школи во целиот свет и неговата сопруга лекар живеат во сиромаштија.

Грејсиеви добиле информации дека се должни 657.114 долари данок и 492.835,25 долари казна за измама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО