Огромни бодибилдери се борбат во кафез (ММА)

bilderi Rich pijana i jen

Ова не е вистинска борба, но сигурно е интересно да се помисли дека овие двајца големи мажи можат навистина да се борат во кафез.

Рич Пијана е еден од најпопуларните бодибилдери на Јутјуб и социјалните мрежи, иако не е професионален борец, тој често зборува за ММА. Неодамна сними и видео во кое дава јасна идеја како би изгледало евентуално негово учество на ММА средба.

Не знаеме дали толкава маса на мускули ќе експлодира внатре во кафезот, но е забавно за гледање:

Во видеото еден против друг се застанати Рич Пијана и Џен’с д бист. Двајцата навидум си разменуваат сериозни удари, а Џен употребува и клоци. Рич Пијана очигледно сака да покаже дека знае како да го собори противникот на земја, макар и да не знаеме дали тоа воопшто може да се случи во вистински ММА дуел против подготвен ривал. И на двајцата не и смета да викаат и и да се дерат со цел грлас, сметајќи дека вистинските ММА борци прават така. Општо земено, видеото е една добра пародија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО