Таеквон-до ИТФ се поблиску до учество на Олимписките игри

taekvondo delagcii lozana juli 2016

По завршувањето на средбата во Лозана, Швајцарија, меѓу раководствата на двете светски федерации во таеквондо ВТФ/WTF и ИТФ/ITF, стана јасно дека е направен уште еден важен чекор на патот за учество во програмата на Олимписките игри во Токио 2020 година на таеквон -до ИТФ/ITF.

На настанот во Лозана беа дискутирани техничките параметри за вклучување во Игрите и следните активности на двете раководства. Од страна на ИТФ беа Марио Богданов (Бугарија) – потпретседател за Европа и Мајкл Пруит (Велс) претседател на Европската федерација таеквон -до ИТФ. Олимписката верзија беше претставена од Хос Рафаел (САД), кој е генерален секретар на Меѓународната федерација таеквондо ВТФ и Џим Бан Јанг (Јужна Кореја) – генерален директор на централата.

„Последователна средба од планот за вклучување на таеквондо ИТФ на олимпиското движење. Беа разгледани доста работи за техничкиот дел и целта за учество во Токио е се поблиску. Имаме разбирање и многу заеднички идеи кои ќе се разгледуваат на следните наши седници. Официјалните лица беа изненадени бидејќи на влезот на Олимпискиот музеј во Лозана, за да влезеш мора прво да ја поминеш летвичката на Стефка Костадинова од 209 сантиметри, која на Светското првенство во 1987 година во Италија постави светски рекорд. Сепак, сите со радост го направија тоа и се фотографираа за спомен. До крајот на годината сигурно ќе има доста средби меѓу двете федерации и одиме самоуверено и со план за влез на таеквондо ИТФ во програмата на Олимписките игри, изјави Марио Богданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО