Официјално: Првата одбрана на Џошуа нема да се совпадне со реваншот Кличко-Фјури

Klicko i Dzosua

Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на ИБФ, Ентони Џошуа, најави дека неговиот промотор Еди Хернија конечно се откажал од идејата Британецот првата одбрана на титулата да ја има на 9 јули. Наместо на овој датум, борбата ќе се одржи две недели порано – на 25 јуни.

Одлуката е донесена за да се избегне преклопување на телевизиските емитувања на натпреварот на Џошуа со реваншот меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури, кој ќе се одржи на 9 јули на стадионот „Манчестер арена“ во Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО