Кличко го смени тренинг кампот

Klicko pozira vo temna pozadina

Поранешниот светски шампион во супер тешка категорија, Владимир Кличко, од пред неколку дена е во Киев, но не ги прекина подготовките за реваншот со Тајсон Фјури на 9 јули во Манчестер.

Во родниот град Украинецот тренира на олимписката база во Конче-Заспе, но освен со бокс тој ја одржува формата со возење велоспиед низ улиците. Негов пример во овој поглед е неговиот брат Виталиј, кој е градоначалник на Киев, но исто така е обожавател на овој алтернативен превоз.

Klicko vo zaspek

Вчера Владимир Кличко официјално објави дека мечот со Фјури ќе се одржи на „Манчестер арената“ и вети дека ќе победи во реваншот Британецот.

Klicko vo zaspek 2

„Конечно. На 9 јули на „Манчестер арена“ ќе се одмаздам. Мојата мотивација е голема и сега е време да станам посилен отколку што бев некогаш“, напиша Украинецот на официјалната страница на Фејсбук.

Klicko so tocak

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО