Официјално, Холифилд ќе се бори со Мек Брајд

Поранешниот апсолутен светски шампион во две категории Ивандер Холифилд се враќа во рингот. Негов противник ќе биде 48-годишниот Кевин МекБрајд, а средбата ќе се одржи на 5 јуни. Мечот официјално е објавен од „Трејлер фајт клуб“.

Холифилд (58) не влегол во рингот од 2011 година. Требаше да се бори со Мајк Тајсон, но на крајот не се разбраа. Средбата со МекБрајт е во шест рунди и ќе важат правилата на стандардните боксерски мечеви, освен што рундите најверојатно ќе траат по две минути.

„Горд сум што се приклучив на Трејлер фајт клуб, бидејќи тие се токму она што и треба на нашата индустрија. Размислуваат за боксот во сосема ново светло. Оваа комбинација на млади таленти, музика, забава и специјални борби поставува нов стандард за нашиот спорт и моето враќање во рингот во оваа битка е нешто што сите ќе го сакаат. Горд сум што помогнав да се искачи боксот на следното ниво“, рече Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО