Данлоп со атрактивен нокаут славеше против Икебуне (ВИДЕО)

Роланд Данлоп е ѕвездата на ЛФА 104, една од најдобрите американски ММА организации кој одработува за УФЦ. Потегот со кој го нокаутира Обинве Икебуне е неверојатно атрактивен и можеби и најдобар во 2021 година.

Данлоп во последната минута од првата рунда го крена корпулентниот противник како пердув и со атрактивен потег преку себе го фрли на под.

Икебуне веќе беше нокаутиран, а Данлоп успеа набрзина да упати уште неколку удари со лакт кон грогираниот ривал, кој беше спасен од судијата.

Интересно е што за Данлоп оба беше само втора борба во октагонот, но покажа дека е вешт борец и ја забележа и втората победа во средна категорија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО